Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗРСМ) и Факултетот за Земјоделски Науки и Храна – Скопје (ФЗНХ), се дел од истражувачката инфраструктура METROFOOD-RI. Заедно, ја сочинуваат здружена истражувачка единица, JRU METROFOOD - МК (Joint Research Unit – MERTOFOOD - MK). Во рамките на METROFOOD – RI воспоставена е, физичка и електронска инфраструктура. Во физичката инфраструктура на METROFOOD – RI, вклучени се следниве одделенија: Одделение за контаминенти и еко - токсикологија, Одделение за испитување метали и Одделение за испитување на квалитет на храна, кои припаѓаат на ИЈЗРСМ, и Лабораторија за хемиски анализи на примарни земјоделски производи и преработки, како дел на ФЗНХ. Лабораториите и нивната расположлива опрема, учествуваат во карактеризација на референтни материјали и анализи за квалитет безбедност на храна. За оваа цел се користи течна и гасна хроматографија, со различни видови на детектори: GC-MS, GC-FID, GC-NPD, GC-ECD, HPLC-DAD, HPLC-RI, HPLC UV-VIS, флуориметар, FTIR спектрометар, GFAAS, FAAS, flow injection mercury system, microwave digestion system во одделенијата на ИЈЗРСМ; потоа HPLC - DAD, спектрофотометар, електрофореза на протеини во лабораториите на ФАСФ. Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Министерсво за земјоделие, шумарство и водостопанство, изразуваат политичка подршка за истражувачката инфраструктура.
Анита Најденкоска
Зорица Арсова Сарафиновска
Ленче Велковска Марковска
Мирјана Јанкуловска