Инфраструктура

Во рамките на истражувачката инфраструктура METROFOOD-RI дејствуваат физичка и електронска инфраструктура.

Физичката инфраструктура се состои од:

МЕТРО
  • Aналитички лаборатории за развој и валидација на нови методи за хемиски, физичко-хемиски и микробиолошки карактеризации на храна, и матрикси од интерес на земјоделскиот и прехранбениот сектор;
  • Oпрема и фабрики за развој, производство, карактеризација и сертификација на нови референтни материјали во земјоделскиот и прехранбениот сектор
ХРАНА

Истражувачка инфраструктура која е одговорна за квалитет и безбедност на храна, се состои од експериментални полиња/фарми за производство на земјоделски култури и сточарство; мали фабрики за преработка и складирање на храна, примена на нови технологии во преработката на храна и валоризација на нуспроизводи; кујнски лаборатории за подготовка и чување храна. Ова овозможува да се проучат квалитетот, безбедноста и автентичноста на храната и да се карактеризираат / валоризираат производи, нуспроизводи и процеси низ синџирот на исхрана, до крајната потрошувачка.

е – инфраструктурата на METROFOOD-RI обезбедува платформа достапна за корисниците за споделување и интегрирање на податоци, информации поврзани со анализа на храна, состав на храна, ниво на загадувачи и маркери. Исто така, преку е - инфрструктурата се собираат резултатите од физичката инфраструктура, која се организира и дополнува со постојните податоци. е-инфраструктурата интегрира различни извори на податоци, се спроведуваат услуги пред се за да се споредат и направат интероперабилни податоците за храна и сите други податоци со интерес во врска со земјоделството и ефектите врз здравјето на луѓето, како и да се дознаат метролошките алатки за аналитички цели поврзани со храна и исхрана. Овие податоци се аналитички резултати, но вклучуваат и аналитички информации и податоци за методи, стандарди, најдобри практики, публикации, итн.